Словенечкиот екстремен пилот Матевж Ленарчич победи на изборот „Flightglobal Achievement Award” за најдобар светски пилот, а наградата ја прими вчера на најголемата воздухопловна манифестација „Paris Air Show”во Франција.
Меѓу номинираните беше и Феликс Баумгартнер, човекот кој минатата година го шокира светот со скок од вселената.
Ленарчич беше номиниран поради своето достигнување од минатата година, кога по втор пат ја прелета земјата со ултра лесното летало „Pipistrel”.
Во таа прилика Словенецот прелета далечина од 80.000 километри, дури шест пати го прелета екваторот и шеесет држави како и 120 национални паркови.
Тој исто така помина и три океани и петте највисоки врвови на светот, вклучувајќи го и Монт Еверест.
Елена Георгиевска