Црвенковски не ги коментира шпекулациите дека ќе формира партија

Од:

Поранешниот претседател на државата и лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Бранко Црвенковски, останува на ставот да не дава изјави во јавноста по кои било прашања, велат од неговиот кабинет, а во врска со шпекулациите во јавноста дека тој планира да формира политичка партија.

Премиерот Зоран Заев денеска на прашање околу ставот дека Црвенковски ќе формира нова партија, изјави дека не верува во приказните дека поранешниот шеф на државата и лидер на СДСМ ќе формира нова партија.

-Тоа треба дефинитивно да го прашате него, а јас го кажувам заради тоа што тој е еден од основачите на СДСМ и претседател на партијата долг период. Бил премиер, а преку честа да го води СДСМ бил претседател на државата и е наш општественик. Верувам дека шпекулациите се присутни заради тоа што во Охрид се најавува нова листа од наши докажани социјалдемократи, рече премиерот Зоран Заев во одговор на прашање при денешното пуштање во работа на реконструираната полициска станица во Ресен.

Верувам, додаде премиерот, дека внатре во редовите на партијата низ органите и телата секојпат ќе може да се дискутира и да се изнајдат решенија за компетативноста кој што да биде и амбициите за кандидати и тоа не само за градоначалник, туку и за советници и други општествени функции или слично.

-СДСМ покажа сериозно единство и во време на опозиција и во време на преземање на власта, а нашата намера е така да продолжиме. Нашата убавина е тоа што сме различни во своите сфаќања, амбиции и предлози, но низ тоа го градиме единството. Знае и раководството да се повлече и да прифати предлог, знае и цело членство да го прифати предлогот на раководството затоа што само на тој начин доаѓаме до најквалитетни одлуки во полза и интерес на граѓаните и на членовите на СДСМ, посочи Заев.

Од СДСМ негираат дека ваквите случаи се одраз на поделби на партијата на повеќе крила и уверуваат дека партијата е обединета.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за идејата на Црвенковски: Во негово време беше неостварливо да бидеме членка на НАТО и да преговараме со ЕУ

A1on

Иницијатива на Бранко Црвенковски: Пристап до фондовите на ЕУ и излез на заедничкиот пазар додека траат преговорите со Брисел

A1on

Црвенковски: Недозволиво е да немаме амбасадор во Вашинтон и да ни ги одбиваат предлозите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Црвенковски: Апсурдна е тезата „за идентитетот не преговараме, а за историја ќе се договараме“

Ана Ололовска

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

А1он

Заев: Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, не верувам во приказни дека прави нова партија

Кристијан Ландов