Деца снимале како тепаат помало дете и објавиле на социјални мрежи, полицијата истражува

Од:

Тетовската полиција работи на случај по пријава во кој повеќе малолетници тепаат едно дете, а настанот го снимиле и го објавиле на социјалните мрежи на интернет. Станува збор за настан што се случил во тетовското село Пршовце пред околу еден месец.

– Вчера 45-годишник од Тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека пред околу еден месец неговиот малолетен син во селото бил физички нападнат од повеќе малолетни лица, негови соселани, а потоа снименото видео за овој напад било објавено на социјалните мрежи. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот и против вмешаните ќе следат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовската полиција и вчера бележи пријава за напад врз малолетник кој се случил на 3 мај. Жител на блиското село Отушиште пријавил во полиција дека во општинскиот центар Теарце, неговиот малолетен внук бил физички нападнат од лице од Пршовце. Според пријавеното, напаѓачот употребил и дрвен предмет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Три тинејџерки претепале 11-годишно девојче, снимка од тепачката објавиле на социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага