Денесоски му враќа на Црвен крст-Охрид: Никому не му е загрозена безбедноста, најмалку од мене

Од:

Сопственикот на охридски портал и невладина организација, Сашо Денескоски кој се претставува како координатор за изградба на вакциналниот пункт во Охрид, реагира на изјавата од Црвен крст-Охрид и вели дека на волонтерите не им е загрозена безбедноста. Во однос на кривичните пријави кои му се поднесени, смета дека секој граѓанин има право да поднесе, но дека за него нема ниту истрага, ниту пресуда. Денесоски за претседателот на Црвен крст-Охрид, Сашо Точков смета дека е криминалец.

„Вакциналниот регионален пункт во Охрид го има направено мојата невладина организација ‘СОС Балкан медиа’, на барање на Општина Охрид и Министерството за здравство. Од самиот почеток, иако беа повикани Црвен крст-Охрид од страна на градоначалникот на Охрид, тие не се одзваа на поканата. Од тие причини се ангажирани вработени во Охрид како администратори во вакциналниот пункт. Во ниту еден момент не е загрозена безбедноста на било кој граѓанин кој се упатува во регионалниот вакцинален пункт во Охрид, а најмалку од мене, бидејќи јас не седам таму. Сето изнесено е лага, во однос на напади, во однос на се. До денеска, нема ниту една пресуда за мене, ниту се води било каква истрага. Секој има право да поднесе кривична пријава во државава, но тоа не значи дека лицето е осудени. И против вас може да поднесе дека сте во Дебар, ама не сте во Дебар туку сте во Скопје. Но, правото му дава на секој граѓанин да поднесе“, вели Денесоски во реакцијата.

Тој дополнително обвинува дека Црвениот крст-Охрид наплаќа пари од општината за волонтерските услуги. Денесоски вели дека Црвен крст-Охрид нема чесни намери за да помогне, туку да заработи.

„Дека има нечесни намери, се гледа од неговиот одговор. Во први месец 2021 година, Црвен крст-Охрид наплати 400 илјади денари од Општина Охрид за волонтерска служба во време на ковид, што доставувале храна кај изолираните. Тоа е прв случај во историјата на светот, волонтери да наплаќаат пари. Но, Црвен крст ги наплаќа сите услуги, испорачува фактура до Општина Охрид и институциите кои ги ангажираат. За маратонот побараа 3 милиони денари, за да го обезбедуваат маратонот во Охрид. Можете да го прашате и поранешниот градоначалник Бакрачевски, сегашниот и така натака. За овој вакцинален центар, кога беа повикани на почетокот, побараа милион и 400 илјади надокнада. Опремувањето на целата сала чини милиони, чини милион и 200 илјади денари кои има платено невладината со моите спонзори и членови. Точков по неговото разрешување на Центарот за јавно здравје, каде прикажа лажна диплома дека е доктор, а не е доктор, туку има завршено виша земјоделска во Шабац, а откако тоа беше обзнането, заедно со криминалите за ковид-тестовите преку две приватни лаборатории, каде ЦЈЗ не наплаќал ниту еден денар, туку тој склучил личен договор како директор, физичко лице со двете лаборатории, каде земал 15 отсто профит. Тоа е вториот дел за разрешувањето на Точков. Тој не може да се помири дека не може да излегува на телевизија и денеска прати дете од 14 години, во придружба на вработена во Црвен крст. Сакаше да го постави на место администратор. Не може дете да биде ни редар. Немал чиста намера. Ќе ми биде драго да има чесна намера и да испрати професионални волонтери кои ќе ги заменат општинските службеници на кои им симнувам капа за пожртвуваноста и да ги заменат. Загрозување на безбедноста на припадници на Црвен крст во вакцинален пункт – нема. За мене Сашо Точков е ноторен криминалец кој сите свои услуги ги наплаќа. Црвен крст-Охрид, изминативе две години, по разни основи платени им се општински пари во висина од 6 милиони денари и сега имаат ново барање да добијат 9 милиони денари“, додава Денесоски.

Претходно, од Црвениот крст-Охрид објаснија дека нема да ги пуштат волонтерите на терен, пред се поради нивна безбедност. Оттаму сметаат дека волонтерите би биле во опасност ако се вратат повторно во вакциналниот пункт. Според нивното кажување, волонтерите биле избркани од Сашо Денесоски со викање.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on