Првпат по десет месеци Израел забележа под 100 тешко заболени лица со Ковид-19

Од:

Бројот на сериозно болни пациенти со коронавирус во Израел се намали на помалку од 100 лица, првпат во последните десет месеци, јави ДПА.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека се регистрирани 97 сериозно болни, од кои 63 лица се ставени на респиратори. Последен пат таа бројка беше под 100 на 7 јули 2020 година. Пикот го достигна на 17 јануари, кога 1.192 лица се наоѓаа на интензивна нега.

Израел спроведува успешна кампања за вакцинација од 19 декември минатата година, а бројот на заразени и болни драстично се намали во изминатите три месеци. Регистрирани се 51 нов случај во изминатите 24 часа. Само 0,2 процента од речиси 29.000 тестови биле позитивни. Повеќето ограничувања за спречување на ширење на вирусот во земјата се укинати.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци