СДСМ: Економските мерки даваат резултати, стопанството заздравува, продолжува растот на платите

Од:

„Економските пакети за полесно справување со последиците предизвикани од пандемијата со коронавирусот коишто ги реализараше владата предводена од СДСМ обезбедија поддршка на стопанството, на граѓаните погодени од кризата, како и услови за брзо опоравување на економијата.

Позитивни сигнали покажуваат дека зтопанството заздравува, а потврда за тоа се високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број на кредитирањето и растот на просечната плата, соопштува СДСМ.

„Буџетските приходи се повисоки во однос на периодот пред кризата. Растот на вкупните приходи е 4,4% а 5% е растот на даноците и придонесите.

Реализацијата на четирите пакети економски мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет кои треба да дадат дополнителен придонес во подобрување на економскиот резултат.

Во 2020 година поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.

Оваа поддршка како и финансиската помош за исплата на плати придонесоа да се спасат стотици илјади работни места, но и да продолжи растот на платите.

Во 2020 година во време на криза просечната плата се зголемила за 7,8 отсто и тој тренд продолжува и во оваа година. Просечната плата во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020.

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и реализација на мерки за помош на погодените од кризата, и ефикасни политики што создаваат услови за рестарт и градење на стабилна и развојна македонска економија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата