Основачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, и неговата сопруга Мелинда, вечерва во заедничка порака на Твитер соопштија дека се разведуваат.
Во пораката, Бил и Мелинда вели дека ја донеле одлуката „по многу размислување и многу работа на нашата врска“.
Четвртиот најбогат човек во светот, со богатство кое се проценува на околу 130 милијарди долари и неговата сопруга беа во брак од јануари 1994 година.
— Bill Gates (@BillGates) May 3, 2021
„Во последните 27 години, израснавме три прекрасни деца и изградивме фондација што работи ширум светот за да им овозможи на сите луѓе да водат здрав и продуктивен живот,“ велат тие, додавајќи дека ќе продолжат да работат на заедничките цели.
„Замолуваме за простор и приватност за нашето семејство додека почнуваме да управуваме низ овој нов живот,“ пишува во пораката на Твитер.