ЕК очекува почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што поскоро

Од:

По изјавата на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас дека не треба да се раздвојат Северна Македонија и Албанија во преговарачкиот процес со Европската Унија, со сличен став реагираше и Европската комисија.

Портпаролката за проширување Ана Писонеро на денешниот редовен брифинг за новинари одговарајќи на прашање го повтори ставот на Европската Комисија.

– Европската Комисија со нетрпение очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро, ова е јасна позиција на Комисијата, но Советот е тој што треба да ги одобри преговарачките рамки што ги поднесовме веќе пред некое време, рече Писонеро.

Таа додаде дека се очекува од португалското претседателство да ги свика конференциите за двете земји што поскоро.

Европската Комисија смета дека двете земји се подготвени да ги започнат преговорите со ЕУ штом земјите членки дадат зелено светло за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

Би можело да ве интересира

Бугарската министерка за надворешни работи предупредува на застој во евроинтеграцијата на Македонија

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Врховен суд ќе одлучува дали Доведен ќе биде изземена од предметот со петгодишното дете

Предраг Петровиќ

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

Во Кочани 42.Марш за ангелите

Предраг Петровиќ