Најсуровиот машки затвор во Сибир

Од:

Се појави фоторепортажа за условите во сибирските затвори во Русија, а истите се споредуваат со некогашните логори на голготата и се нарекуваат најсурови затворски установи во светот.

Еден од тие машки затвори е и затворот IK-17, кој се наоѓа во близината на Краснојарск, во источниот дел на Сибир. Токму во овој затвор владее еден од најсуровите затворски режими во светот.

Руските власти им дозволиле на фото-репортерите од агенцијата Reuters да направат репортажа за затворот, веројатно само за да го подигнат угледот на земјата. Но, ефектот бил спротивен, иако на опременоста и хигиената можат да им позавидат многу слободни Руси.

zatvor-rusija-naj-21

Вооружените стражари 24 часа ја следат целата територија на затворот, а посетителите на влезот мораат да ги предадат сите нешта кои што ги носат со себе. Локалната клима допринесува за чувството на тотална изолација од остатокот од светот.

Во затворот кај Краснојарск казната ја отслужуваат најсуровите криминалци. Оние кои се сметаат за особено опасни се и одвоени од останатите во посебна зона со исклучително строг режим. Дозволено им е излегување само во заграден простор, каде што можат да шетаат и да вежбаат под будното око на стражарите, кои што со вперени пушки ниту за миг не ги напуштаат кулите за набљудување.

zatvor-rusija-naj-11

На територијата на затворот се наоѓа и православен храм, односно дрвена црква од 19-от век која е демонтирана и е пренесена од Краснојарск во логорот. Посебна просторија е обезбедена и за муслиманите, кои што таму можат да се молат.

Русија има околу 850.000 луѓе во затворскиот систем, со што таа го зазема второто место во светот, веднаш зад САД. На зградата од затворот има огромен плакат на кој затворениците се потсетуваат: “Имај на ум дека те чекаат дома!

Би можело да ве интересира

Екстремен студ во Сибир: Температурата во Краснојарск падна на -50°C

Уште една држава сака да се приклучи на БРИКС, бара поддршка од Москва

Предраг Петровиќ

Русија: Имаме „абнормална ситуација“ на леталото во орбитата на Месечината

Бунт на војниците на „Вагнер“ против Русија: 25.000 војници маршираат кон Москва

Горан Наумовски

Косово воведе нови санкции кон Русија

Лавров: Авторите на извештајот за Конференцијата за безбедност во Минхен ја претставуваат Русија во негативно светло

Наум Локоски