Ф1: Ботас ќе стартува од пол-позицијата на трката во Португалија

Од:

Финецот Валтери Ботас ќе стартува од пол – позицијата на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда (ГН) на Португалија, откако возачот на Мерцедес беше најбрз на денешните квалификации.

За Ботас ова е прва пол – позиција сезонава и вкупно 17. во кариерата.

Покрај него во првиот ред на неделната трка ќе му биде клупскиот колега и актуелен светски првак, Британецот Луис Хамилтон, кој ќе мора да почека нова шанса за јубилејна 100. пол – позиција во кариерата.

Од вториот ред ќе стартуваат возачите на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен и Мексиканецот Серхио Перез.

Во генералниот пласман, Хамилтон води по двете воведни трки со бод повеќе од Верстапен.

Трката за ГН на Португалија започнува утре од 16 часот.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур