Познатата српска фолкерка Светлана -Цеца Ражнатовиќ во интервју за телевизија истакна дека во Хрватска таа нема име, ја поврзуваат само како вдовица на Аркан. На новинарскиот коментар дека е прогласена од хрватските медиуми за најхаризматична Србинка, фолк ѕвездата се зачуди, а потоа се насмеа.
– Вистина?! Од нив тоа не го очекував! За нив јас немам име. Имам презиме и „вдовица“. Име немам! Вдовица на воениот злосторник и тоа е тоа, рече Цеца и додаде „во почетокот ми пречеше бидејќи од 14 – тата година сум во јавниот живот и отсекаогаш имав свој идентитет, без оглед на тоа што бев мажена за мојот покоен сопруг. Секогаш имав име и презиме. Но, мислам дека и тоа ќе помине, бидејќи музиката не смее да има граници, да биде блокирана и околу неа да се стави кинески зид. Ширете ја љубовта, пејте и слушајте музика“.
За можноста да објави автобиографија, Цеца рече „ Дали воопшто ќе направам, не знам. Повеќе за тоа зборуваат луѓе кои ми се блиски, ме убедуваат дека би било убаво мојот живот и сите случувања од него кои едноставно личат на филм, да ги пренесам и прераскажам. Дури и кога би се снимил тој филм, или напишала книгата, не знам кој жанр би била. Од преголема тага до преголема радост, среќа, несреќа.. Но, и покрај се што ми се случуваше, јас сум една од најсаканите жени на балканаот“.