Пратениците на Социјалистичката партија почнаа да собираат потписи за смена на претседателот Мета

Од:

Владејачките социјалисти во Албанија почнаа со реализација на најавената иницијатива за разрешување на претседателот Илир Мета.

Тие почнаа да собираат потписи на пратеници, а парламентарната група закажа средба за в понеделник, еден ден пред пленарната седница на Парламентот.

Иако на дневен ред на седницата се некокку закони претходно вратени од страна на Мета на повторно рззгледување, од партиски извори се дознава дека социјалистите како дополнителна точка ќе ја стават и онаа за негово разрешување.

– Врз основа на неколкуте сериозни прекршувања на Уставот од страна на претседателот Илир Мета, пред и по изборната кампања, врз основа на член 90 одлучивме да иницираме постапка за разрешување на претседателот на републиката, се наведува во пораката испратена од раководството на парламентарната група до пратениците од владејачкото мнозинство.

Ова следува еден ден по изјавата на нивниот лидер Еди Рама, дека „со Илир Мета ќе се позанимава Парламентот“, бидејќи „народот го казнил, а Парламентот само ќе го финализира тоа, со разрешување”.

Мета се чини ни најмалку не се вознемири од она што го кажа Рама, велејќи дека не ни помислува да се повлече од функцијата се до 24 јули 2022 година, кога му завршува мандатот.

Претседателот на Албанија го избира Парламентот со двотретинско мнозинство од вкупно 140 пратеници, а со исто толку може и да го разреши.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски