ВИДЕО: ОН бараат темелна истрага за Младенов

Од:

Специјалниот известувач на ОН за медиуми Франк Ла Ру пристигна на покана на владата во земјава, но заминува со голема загриженост и критика за состојбата на медиумите. Последно од низата минуси според Ла Ру е законот за медиуми кој според него е уникатен во светот.

-Во законот за медиуми имаше обид да се ограничи новинарството, сега засега не се спроведува, зашто законот сеуште се дискутира. Постои обид да се воспостави регулаторно тело за новинарство кое не е прифатливо никаде во светот, или да се воспостават ограничувања како титула или степен,  за да можете да бидете новинар. Новинарството е најслободната професија од сите професии, не треба да има услови , никогаш не треба да се наметнува како услов да се идентификувате кај органите за да добиете идентификационен број, рече Ла Ру. 

Тој како примери за лошата состојба ги посочи затворањето на А1 ТВ, загинувањето на Никола Младенов и затворањето на Фокус, притворот на новинарот Томислав Кежаровски, отпуштањето на Тамара Чаусидис, претседател на новинарскиот синдикат од работното место во Алсат, владините реклами, нефунционалноста на законот за пристап на информации и етикетирањето на новинарите кои се критични кон власта.

Ла Ру рече дека состојбите се загрижувачки последниве години, посебно затворањето на А1 и весниците Шпиц, Време, Коха, што според него било јасен несразмерен одговор од страна на властите за сторените кривични дела.

-Непотребна примена на сила од полицијата, А1 понуди да го плати долгот на рати, но не беше одобрено, се бараше во целост одеднаш. Не е добро да се види како еден од најкртичните медиуми  се затвора со големо присуство на полицијата, рече Ла Ру.

Специјалниот претставник на ОН не е задоволен од одговорот кој го добил за непостоењето истрага за смртта на Никола Младенов. Тој кажа дека не може смртта на Младенов да се третира како вообичаена сообраќајна несреќа.

-Мојот став е дека има сомневање како се случила оваа несреќа, таа може да била намерно испровоцирана, се случила ноќе, без сведоци и треба да се истражи целосно. Се чини дека постои страв да се истражува овој случај. Ги повикувам надлежните македонски органи да започнат темелна истрага за овој ноторен случај со цел бргу да се распрсне облакот на сомнеж и страв што беше создаден со трагичната смрт на г-динот Младенов, рече Ла Ру.

mercedes mladenov

Според специјалниот претставник на ОН, иако има деккриминализација на клеветата, сепак остануваат сериозни проблеми со новата рамка, бидејќи како што рече, обвинувањата за клевета продолжуваат да се множат и претставуваат товар врз функционирањето на некои критички медиумски групи.

– Бев информиран за последните обвинувања против неделникот Фокус, неговиот уредник и новинар, за тоа што пренеле изјава од поранешниот амбасадор на земјата во Чешка. За судовите е сосема несоодветно да разгледуваат тужби за клевета во врска со пренесување изјави на државни функционери или трети страни. Се чини дека истата медиумска група многу пати била цел и на други тужби за клевета, во врска со нејзината истражувачка работа, рече на прес конференцијата Ла Ру.

Според него, лошите и загрижувачки состојби во медиумите се огледуваат и низ зголемувањето на бројот на членови во Советот за радиодифузија од 2011 година со што според него е нарушена политичката независност на ова регулаторно тело.

novinarska-lekcija-kako-se-zloupotrebuvaat-izvorite-na-informacii-vo-mediumiteЛа Ру рече и дека слободниот пристап до информации не функционира во Македонија, а за последнит енапади кон директорот на ЗНМ кој беше прогласен за предавник од страна на МИА тој рече:

– Доаѓам од земја каде критичките гласови често се нарекуваат предавници на државата, така што јасно ми е за каква пракса станува збор и знам дека таквите етикети се однесуваат на личности и новинари кои се критични кон работата на власта.

Ла Ру ја истакна потребата од детален увид на владините реклами со цел да се избегне злоупотреба на финансиите во промоција на наклонетите медиуми, а на штета на критичките медиуми.

Тој уште еднаш по изјавата во средата повтори дека е несфатливо новинарот Томислав Кежаровски да лежи во притвор за новинарски текст.

– Неговиот притвор дава уште еден негативен сигнал за состојбите на слободата на медиумите во оваа земја. Употребата на притвор за решевање на случај на откривање на заштитен сведок во статија од весник е јасно непропорционал но за овој чин и јас особено жалам што властите дури и го одбија моето барање да се сретнам со г-динот Кежаровски за време на мојот престој, порача Ла Ру.

Извештајот на ОН за медиумите за Македонија, следната година ќе се најде пред Советот за човекови права на ОН. Тоа значи дека освен навдените состојби, во извештајот ќе влезат сите состојби кои ќе се случуваат во следниот период до јуни 2014 година.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

МИМ го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Вистината за смртта на Никола Младенов – што се презентираше пред камера, а што зборуваа по телефон

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

Груевски: Поддржуваме и се согласуваме на нова истрага за смртта на Младенов

Емир Латифовиќ

Две години од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска

Една година од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска