Над 16.000 патници го преминале граничниот премин Богородица во текот на вчерашниот ден

Од:

Фреквенцијата на патници на граничниот премин Богородица и утрово беше зголемена поради продолжениот викенд на нашите граѓани, но и поради сезоната на годишните одмори.

Помошникот командир на „Богородица“, Игор Илиевски соопшти дека утрово од 6 до 9 часот поминал ударниот бран на патници. Заклучно до 10 часот на „Богородица“ ја минале вкупно 7.300 патници, од кои 5.500 на излез од земјата, а 1.800 на влез во Македонија.

Тој информира дека работеле сите седум ленти на граничниот премин и дека автомобилите и автобусите се задржувале најдолго до 30 минути за контрола на документите и обавување на царинските формалности. Нагласи дека во текот на вчерашниот ден македонско-грчката граница на „Богородица“ ја минале 16.000 патници.

За разлика од вчера, денеска беше пораздвижено на граничниот премин „Дојран“. Надлежните информираа дека утрово до 10 часот границата ја минале вкупно 1.516 патници, од кои дури 1.442 на излез од Македонија и само 74 на влез во земјата. Таму во просек автомобилите и автобусите се задржуваа околу пет минути.

Моментно на двата премини границата се минува без поголемо задржување.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција