Премиерот Зоран Заев вели дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски никогаш не разговарал за амнестија на осудените за случувањата од 27 април 2017 година.
-Директно прво ќе ви одговорам на прашањето дали беше дел од договорот со Мицкоски амнестија на напаѓачите, насилниците и организаторите на 27 април на нашата последна средба која што ја имавме. Прво, господинот Мицкоски никогаш не зборува за тие луѓе и тој треба да одговори дали заради тоа што се смета соучесник со нив не го отвора ова прашање. Никогаш на ниту една средба тој не го отворил ова прашање. Ама и ризикот ако се обиде да го отвори ова прашање нормално ќе мора да го понесе пред целата јавност, рече Заев одговарајќи на пратенико прашање дали имаат договор со лидерот на опозицијата по ова прашање.
Дваесет и седми април, според премиерот, е еден од најгрозоморните и најлошите настани од самостојноста на нашата земја.
-Тоа што го видовме пред неколку дена како собир за поддршка на луѓе правосилно осудени, со правосилна судска пресуда, за луѓе коишто пред очите на целата јавност се обидоа да одземат човечки животи, носеа оружје да бидат поддржани навистина за мене е застранување, забегување или соучесништво, ништо друго освен тоа, затоа што кој и да е задраворазумен најмалку што може да направи е да се огради од тоа, да повика да не се повтори и секако да го осуди настанот, нагласи Заев.