Од Србија стигна втората доза за вакцинираните со „спутник В“, вкупно 20.000

Од:

Втората доза за вакцинираните со „спутник В“ стигна во Скопје. Од Министерството за здравство велат дека изминативе неколку дена стигнале вкупно 20.000 дози од руската вакцина.

„Во саботата во 22.40 часот стигнаа 7.000 дози ’спутник В’ од Србија, а синоќа стигнаа уште 13.000 дози. Сите 20.000 се наменети за втора доза за лицата кои веќе ја добиле првата доза од оваа вакцина“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Со руската вакцина „спутник В“ вакцинирани се лицата кои припаѓаат на категоријата критична инфраструктура, односно војската, полицијата, ЈСП, новинари, пратеници но и дел од возрасната група граѓани кои се вакцинираа во салата „Борис Трајковски“.

Првата доза за нив, исто како оваа, беше донација од Србија, а стигна на први април.

Претходно со „спутник В“ беа вакцинирани 3.000 здравствени работници. Првата доза за нив стигна на 7 март, а втората на 28 март. Двете дози се дел од нарачаните 200.000 дози од руската вакцина, од нарачката што ја направи македонската Влада.

Денес од Пекинг, Кина, за Македонија, според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче, треба авионски да тргнат 200.000 дози од вакцината на „Синофарм“. Преку Истанбул, тие се очекува в петок да стигнат во Белград, а од таму со ладен транспорт да бидат донесени кај нас.

Оваа вакцина доаѓа во наполнет шприц и се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени. Пратката ќе биде прифатена во ладната соба во поликлиниката „Јане Сандански“, а од таму вакцините ќе бидат распределени низ пунктовите во целата земја.

Освен во Скопје, спортски и училишни сали се уредни во вакцинални пунктови и во Охрид, Штип, Битола, Тетово, Куманово и Кавадарци. Ќе функционираат како регионални центри, а вакцинацијата во нив ќе почне во вторник, по Велигден, со кинеските вакцини.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

СЗО го пролонгира процесот на евалуација на руската вакцина Спутник В

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Можно производството на вакцината Спутник лајт во Србија

Ана Ололовска

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски