Џафери: 27 закони се блокирани од опозицијата, нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да прави пратенички групи

Од:

Собранискиот спикер Талат Џафери на денешниот брифинг, посочувајќи го проблемот со кворумот и опструкциите од опозицијата чии пратеници ја напуштаат салата кога треба да се гласаат законите, рече дека нема законска можност со која би ги задржал пратениците на седница. Тој посочи дека според собраниските анализи во просек по 100 пратеници и повеќе се пријавуваат дека се присутни во Собранието, дел се појавуваат на почетокот на седницата, а добар дел ја напуштаат. Механизмот за казна на за пратеник со 5% од плата може да се примени само доколку, пратеникот трипати последователно не го известил спикерот дека е спречен да дојде на седницата.

„Тие доаѓаат тука се во Собранието, се потпишуваат како присутни еве за илустрација имаме во април месец пријавени 87, 96, 105 пратеници за седници кои сум ги закажал, но подоцна кога треба да се гласа, од опозицијата кога ќе искалкулираат дека во салата нема 61 пратеник од мнозинството, напуштаат и се доведува во прашање кворумот. Од друга страна, пратеникот кој дошол на седница се потпишал на листата за присутни има право на патни трошоци ако е надвор од Скопје. Е сега дали тој влегол и излегол од седницата и си бркал партиски работи не знам, ама тоа право не му е ограничено. Затоа и голем број седници, се почнати, заглавени и недовршени. За илустрација 18-та седница, почната на 20.10. 2020 година, конечно ја завршивме овој месец. Граѓаните кои ги гласале единствено можат да им судат за сработеното, јас не можам да ги присилам со ништо да учествуваат во работата на Собранието, ако решиле да блокираат“, рече Џафери на брифингот со новинарите.

Според анализата на Кабинетот на Претседателот на Собранието која беше доставена до новинарите вкупно 27 закони за кои е започната процедурата се блокирани со амандмани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ или Алијанса за Албанците, а дел и од Левица. Во однос на пршањето дека за најголем дел од нив беше соопштено дека има договор по средбата Мицкоски -Заев, Џафери рече:

„Ако се договориле, дај да работиме. Знаеме дека постигнаа решение за одблокирање, но во пракса не е така, координаторите на партиите не доаѓаат на договорните консултации, потоа влегуваат во сала и уште не е прочитан дневниот ред, се редат барања за процедурално. Ако има договор, работата ќе тече како треба, а не со часови да не можам да отворам дебата за точките. Од законите кои се на листата, кои беа вкупно 36 за 9 се повлечени амандманите, а останатите уште се блокирани. Не можам да ставам закон на дневен ред доколку не поминал кај матичните комисии. Не може да се работи по закон за кој има 1000 амандмани, колку денови ќе трае таа комисиска распарава, до бескрај нели?!“, објасни Џафери.

Што се однесува до најавата за формирање на повеќе пратенички групи од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Џафери рече дека нема да го дозволи тоа, затоа што нема правен основ.

Информираше и дека вакцинта „Спутник В“ ја примиле 88 пратеници, а терминот за втората доза е 14 мај. Околу 200 вработени во собраниските служби се вакцинирани, а се очекува наскоро да бидат и имунизирани и припадници на внатрешното обезбедување и вработените од СОЗР кои се распоредени на работа во зградата на Собранието.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот

ВМРО-ДПМНЕ: Посветено работиме за изградба и развој на патната инфраструктура во државата

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година