Советот на Европа апелира до владите да ги заштитат новинарите и независното новинарство

Од:

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, ги повика владите на државите-членки да покажат посилна политичка волја за заштита на новинарите и независното новинарство со цел да се запре влошувањето на слободата на медиумите во Европа.

– Слободата на медиумите е клучен столб на нашите демократии што премногу често се зема за здраво за готово. Почитувањето на слободата на медиумите опаѓа во многу земји. Во последниве години, бевме сведоци на зголемување на случаите на насилство и заплашување на новинарите, се наведува во соопштението на СЕ по повод Светскиот ден на слободата на медиуимите – 3 мај.

СЕ истакнува дека за време на пандемијата Ковид-19 има зголемување на извештаите за насилство врз новинари, како и за цензури и репресии. Исто така се наведува дека медиумите се соочиле со сериозни економски предизвици и многу новинарите останале без работа поради пандемијата.

– Време е да се запомни дека државите се должни да обезбедат услови новинарите да ја извршуваат својата работа без насилство и заплашување и да ја исполнат улогата на јавен чувар, што вклучува одговорност на јавните власти за одлуки и активности, нагласи Пејчиновиќ Буриќ.

Според неа, СЕ е подготвен да ги поддржи земјите-членки во создавање и негување на средина во која плуралните, разновидни и независни медиуми можат да ја играат својата улога и да придонесат за зајакнување на демократиите.

Би можело да ве интересира

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Косово може да стане членка на Советот на Европа

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници