Спасовски: На интерпелацијата бев релаксиран, си кажав што сум го сработил

Од:

Вчера беше многу релаксирачки ден за мене заради тоа што имав шанса да ги презентирам сите успеси што ги постигнав во изминатиот период како министер за внатрешни работи, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на новинарско прашање како го коментира неучена опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

– Јас воопшто не го дефинирам дека сум преживеал една интерпелација, туку тоа беше дадена можност за да го кажам тоа што сум го сработил. Е сега, како да коментирам нешто што го прави опозицијата? Значи, да имате шанса да бидете на интерпелација на министер за внатрешни работи и вие да ја напуштите седницата, да не разговарате за тие прашања, тоа говори само за одговорноста која што ја има опозицијата пред државата и пред граѓаните, нагласи Спасовски.

Тој истакна дека бил подготвен да седнат, да разговараат на ниво на аргументи, не на политиканство.

– Апсолутно сакам да ве уверам дека јас бев подготвен вчера да разговараме толку колку што дозволува Деловникот, значи цел еден работен ден до 00 часот, за жал, немав со кого да разговарам. Разговарав со еден дел од опозицијата од Алијанса за Албанците и од Алтернатива и тоа на крајот од мојот говор го кажав. Благодарам на оние пратеници од опозицијата коишто имаа и доблест и храброст да седнеме да разговараме заради тоа што нема изгубен ден кога разговарате на една интерпелација во Собранието. Секој разговор дава нови идеи, нови можности што е тоа што можеме да подобриме и во тој дел се покажа таа вистинска одговорност. Меѓутоа, како и да е, изборот на политичките партии е тоа како ќе настапуваат во Собранието. Тоа не е мој избор, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Интерпелацијата против мене е неиздржана, а законот и не предвидува можност за политичка одговорност на Обвинителот

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има