Судир на танкер и брод во Жолтото Море, се излеа нафта

Од:

Судир меѓу танкер со нафта и друг брод во Жолто Море предизвика излевање на нафта во близина на најголемиот кинески нафтен терминал, соопштија денеска кинеските поморски власти.

Бродот со ситен товар „Sea Justice“ удри во танкерот „A Symphony“, што плови под знамето на Либерија, а е закотвен во близина на пристанишниот град Кингдао, на североистокот од Кина, истурајќи „одредено количество нафта“, соопшти бродската компанија „Гудвуд Шип Менаџмент“.

„Силата на ударот во предната, лева страна на бродот ги оштети резервоарите за гориво и вода, па потоа одредени количества нафта се излеаја во океанот“, се наведува во соопштението на компанија „Гудвуд Шип Менаџмент“.

Компанијата, исто така, наведе дека екипажот е во полн состав и дека во инцидентот нема повредени.

Кинеската Управа за поморска безбедност им нареди на бродовите што се во близина да се оддалечат најмалку 18,5 километри од местото на несреќата.

„Гудвуд Шип Менаџмент“ соопшти дека е почната итна постапка за запирање на натамошното излевање на нафтата и дека експерти за операции на чистење на морето веќе се распоредени на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Поевтинуваат бензините

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

Спречен шверц на нафта од македонска на албанска територија

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста