Италијанскиот „Крузо“ го напушта својот остров по 30 години

Од:

Човекот познат како италијанскиот „Робинзон Крузо“, кој повеќе од 30 години живее сам во Средоземното Море, како што самиот рече – под притисок на властите решил да го напушти островот и да се пресели во мал стан.

– Се откажав од борбата. И, по 32 години тука, се чувствувам многу тажно што заминувам, рече Мауро Моранди (81).

Тој во 1989. доживеал бродолом на островот Будели, близу Сардинија (познат по плажите со розов песок), откако неговиот катамаран се расипал на самиот почеток од патот кон Јужниот Пацифик. По игра на случајноста, авантуристот тогаш открил дека „чуварот“ на островот треба да се пензионира за два дена, па решил да го замени – да се откаже од патувањето, да го продаде бродот и да ја преземе неговата улога, односно „да се смести“ на розовото островче.

Сепак, Моранди сега вели дека тој одлучил да го напушти островот овој месец, по неколкуте закани за иселување од страна на надлежните за Националниот парк Ла Мадалена. Будели припаѓа таму од 2016 година.

Планот на властите сега е да го претворат островот во „центар за еколошко образование“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска