Фудбалерите на Шкендија го обезбедија шампионскиот трофеј во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево забележаа победа над Борец и освоија нови три бода. Тетовци на четири кола до крајот на првенството имаат недостижни 13 бода во однос на второпласираниот Шкупи.
По подолго време победа забележа Вардар кој се изедначи со Ренова во борбата за опстанок.
Резултати на натпреварите од 29. коло во ПМФЛ одиграни попладнево:
Македонија ЃП – Струга трим Лум 2:3
Пелистер – Ренова 1:0
Шкендија – Борец 3:1
Шкупи – Работнички 2:0
Вардар – Беласица 1:0.
Вчера: Силекс – Академија Пандев 3:2.
Табела: Шкендија 68 бода, Шкупи 55, Македонија ЃП 48. Струга Трим Лум 47, Работнички 41, Пелистер 38, Академија Пандев 34, Борец 33, Силекс 32, Ренова 31, Вардар 31, Беласица 17.