Албанскиот претседател Илир Мета влезе во жестока дебата со амбасадорката на САД во земјата, Јури Ким. Претседателот Мета, гостувајќи на телевизија, го прекина интервјуто во живо за да и одговори на СМС-пораката на амбасадорката Ким.
Тој не ја прочита содржината на пораката, но амбасадорка Ким сама ја објави на Твитер.
„Неприфатливо е некој да се заканува дека граѓаните треба да ги земат вилите на 25 април ако не им се допаѓа резултатот од изборите. Ваквите закани заслужуваат да бидат казнети. Оние што иницираат насилство ќе одговараат за своите зборови и постапки. Стоп“ – вели Ким во пораката.
Реакцијата на Мета беше повеќе од експлозивна.
-Ми рече дека треба да престанам со некои изјави, јас и реков дека треба да престане да го брани Рама и доколку сака нека дојде тука со него или со кого сака. Ја сакам Америка се додека не и штети на Албанија. Амбасадорке стоп за интервенците, гледајте си ја вашата работа, рече Мета.
Тој откри и претходен телефонски разговор со амбасадорката Ким додавјаќи „доколку сакаат нека ме убијат Американците“.
-Ми се јави и ми вели, знаеме некои работи за тебе. Замислете амбасадор му вели на претседател на Републиката знаеме некои работи за вас. Што знаеш за мене. Кажете. Ако САД имаат проблем со Илир Мета, дозволете ми да знам, па убијте ме, во некоја дупка во планина, каде ќе ме однесете со некоја ракета за да не им наштетите на другите, рече Мета.