Меркел ги повика Германците да ги почитуваат „тешките“рестрикции

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика Германците да ги прифатат ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот што стапи на сила на полноќ, вклучувајќи го и ноќниот полициски час, од 22 до 5 часот наутро, дополнителните ограничувања на личните контакти и пристапот до продавниците што не се неопходни во областите со висока стапка на инфекции.

Во своето неделно обраќање Меркел призна дека новите мерки се „тешки“, но истакна дека е потребно да се запре ширењето на вирусот во земјата.

Германската Агенција за контрола на болестите вчера соопшти за 23.392 нови инфекции и 286 смртни случаи од коронавирус. Од почетокот на пандемијата, во Германија се регистрирани речиси 3,3 милиони случаи на инфекција и 81.444 смртни случаи.

Меркел кажа дека новите мерки, што автоматски стапуваат на сила во регионите каде има повеќе од 100 пријавени случаи на 100.000 жители неделно, и се „итно потребни“ на земјата.

Цитирајќи други земји, како Велика Британија, Португалија и Ирска, кои забележаа голем пад на бројот на заразени за време на строгиот карантин, таа застана во одбрана на новите ограничувачки мерки против критичарите кои велат дека се претерани.

-Ниту една земја што успеа да стави крај на третиот бран на пандемијата и потоа повторно да ги ублажи ограничувањата, не успеа без тешки мерки, како што е ноќниот полициски час, рече Меркел.

Десетици познати личности во Германија неделава објавија личн и видеа во кои ги исмеваа ограничувањата и оние кои се залагаат за нив. Во меѓувреме, некои од нив ги отстранија снимките и се извинија за поддршката на екстремно десничарскиот наратив за пандемијата, па тоа изгледаше како обид да ги намалат страдањата на оние кои ги загубија своите најблиски од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел