Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (МЕХТ) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за Истражувачка студентска програма и Додипломска студентска програма.
Повикот за аплицирање е достапен на веб-страницата на Јапонската амбасада во Скопје, а во објавата на веб-страницата на нашето Министертство за образование и наука се достапни линковите за повеќе информации за начинот за пријавување на програмите.
МОН наведува дека документите треба да се достават до Амбасадата на Јапонија во Скопје, најдоцна до 25 мај 2021. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за тестирање и интервјуа кои е предвидено да се одржат во средината на јуни 2021.