Масовна тепачка на селски фудбал во тетовско, домаќинот пуштил публика и покрај забраната

Од:

Четворица фудбалери на фудбалскиот клуб Дрита од тетовското село Боговиње добија кривични пријави за насилство, откако нападнале тренер и член на стручниот штаб на ФК Гостивар, соопшти полицијата. Кривична пријава доби и сопственикот на клубот, кој дозволил на стадионот да влезе публика, иако тоа е забрането со важечките мерки за заштита од коронавирусот.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Б.(31), Н.М.(32), Н.М.(35) и Б.А.(23), сите од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.М.(37) од с.Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија,“ соопшти МВР.

На 27.03.2021, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Дрита“ од с.Боговиње и ФК „Гостивар“ од Гостивар, на фудбалското игралиште во с.Боговиње, Г.Б., Н.М., Н.М. и Б.А., фудбалери на ФК „Дрита“, физички ги нападнале играчот од ФК „Гостивар“, Х.Л.(26) и членот на ФК „Гостивар“ Н.С.(40), додека С.М. како организатор, не постапил според здравствените прописи за време на епидемија согласно одлуката на Владата, односно дозволил публика на трибините на стадионот, иако од полициски службеници од Полициското одделение Камењане бил предупреден при пријавување на натпреварот,“ велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Жестоко белградско дерби: Провокација за навивачите на Партизан, ја запалија трибината

Тепачка меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата во турскиот Парламент

Горан Наумовски