Брендот „Адидас“ отпочна нова кампања под наслов „Ништо не е невозможно“, или – „Невозможното е едно ништо“ (Impossible is Nothing) во која учествуваат повеќе светски познати личности од светот на музиката, спортот, Инстаграм и Јутјуб.
За една од најголемите спортски компании, оваа кампања е најамбициозната досега. По тој повод, тие прикажаа документарна серија која открива досега невидени снимки од животот на славните и успешни лица кои учествуваат во кампањата. Дел од нив се: Бијонсе, Мохамед Салах, Сија Колиси, Н’нека Огвумике, Пол Погба и Тифани Абреу.
Поентата е дека оптимизмот и проактивноста се клучот за успехот. Луѓето треба да се охрабрат, велат оттаму, но и да ги препознаат сопствените можности и така да го достигнат својот врв.