Балканот зафатен од тропски температури

Од:

Неодамнешните поплави на Балканот се заменија со тропски горештини во Хрватска, Србија, Босна и Херцегодина и Македонија, каде температурите достигнаа до 37 степени Целзиусови.

Над 100 лица побарале медицинска помош во Белград поради вчерашните рекодно високи температури. Само до 14 часот „Брзата помош“ примила 77 повици, во најголем дел од случаите за топлотни удари.

Хрватските власти објавија предупредување поради исклучително високите температури во централниот дел на земјата.

Во Македонија и денеска е објавена тревога за жолта топлотна фаза. Според метеоролозите тропските температури во регионот ќе се задржат до крајот на неделата.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Почнува летното сметање на времето