Осуденик на смрт бара да го стрелаат, било помалку болно од инјекција

Од:

Човек осуден на смрт поради четирикратно убиство што го извршил во 1999 година бара од американската држава Невада казната да му биде извршена со стрелање, наместо со стандардната смртоносна инјекција.

Адвикатите на Зејн Мајкл Флојд велат дека ова не е тактика за одложување на извршувањето, туку дека нивниот клиент проценил дека алтернативната метода е помалку болна.

За протоколот за примена на смртната казна да биде сменет, одбраната мора да предложи алтернативна метода, а адвокатите го навеле стрелањето како „најхуман“ начин да се усмрти нивниот клиент побрзо и побезболно.

Обвинителите велат дека ќе бараат од Судот термин за егзекуцијата, а таа би можела да се случи веќе во јуни.

Невада веќе 15 години нема извршено смртна казна, а властите во сојузната држава размислуваат и да ја укинат најстрогата санкција.

Само три американски држави – Мисисипи, Оклахома и Јута, во моментов дозволуваат смртна казна со стрелачки вод. Методата последен пат била користена во Јута во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени