Верни сме им и посветени на граѓаните и на државата, рече Заев на 30-от роденден на СДСМ

Од:

Минатото и сегашноста се нашиот темел, нашата сила – зачекори кон иднината. Пред нас е важен период, особено во надминување на последиците од коронакризата, ставање конечен крај на падемијата и раст на нашата македонска економија. Како и досега, СДСМ и во овие процеси ќе покаже одговорност, државотворност, храброст и посветеност и заедно со граѓаните ќе ги надминеме предизвиците што стојат пред нас и заедно со граѓаните повторно ќе бидеме на победничка страна на светлата страна на македонската историја – ова вечерва го кажа претседателот на СДСМ Зоран Заев на одбележувањето на 30-от роденден на партијата.

Тој најави дека и во иднина ќе работат одговорно и посветено во интерес на граѓаните и државата, а промените ќе продолжат во мај, кога ќе се одржи конгресот на партијата.

Заев истакна дека СДСМ е државотворна партија и потсети на меѓународното признавање, приемот во ООН, создавањето на македонската армија, Охридскиот рамковен договор, поголемиот степен на децентрализација со територијалната поделба, градењето модерно демократско општество, па се до кандидатскиот стаус за ЕУ, Договорот од Преспа, решавањето на отворените прашања со соседите, приемот во НАТО, создавањето едно општество за сите, одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

Тој рече дека со храброст и визија ја презеле одговорноста да ја водат новата Влада и, како што рече, веднаш покажале огромна разлика.

– Ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, се посветивме на мерките и политиките кои донесоа економски раст, повисоки плати и пензии и повисок животен стандард, рече Заев.

На меѓународен план, како што посочи, државата е вратена на патот на евроинтеграциите, решен е долгогодишниот спор со Грција, заштитен е идентитот и земјава е 30-та земја-членка на НАТО.

Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во своето обраќање порача дека избрале да бидат одговорни и да се справат со задачи кои, како што рече, изгледале неверојатни.

-Битката низ која се калевме не направи посилни да испорачаме резултати на овие крупни прашања. По 30 години зборување ова беше Владата која на своите граѓаните им испорача членство во НАТО, рече Шекеринска. Потсети дека работеле и на други важни прашања, како битка за минимална плата, едно општество за сите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски