Суд во Милано ги осуди на 20 месеци затвор модните креатори Доменик Долче и Стефан Габана заради затајување данок.
Двајцата се виновни бидејќи на властите не им пријавиле приходи од преку милијарда евра.
Пред две години судијата отфрли случај против сопствениците на познатата модна куќа, а виши суд подоцна пресуди дека дизајнерите може да бидат обвинети за избегнување на плаќање данок, но не и за проневера.