Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) со цел да ја поттикне, популаризира и да ја афирмира музејската дејност објавува конкурс за доделување на Годишната награда 18 Мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2019 и 2020 година.
Материјалите треба да бидат доставени најдоцна до 7 мај 2021 година по пошта или рачно на следната адреса Здружение МНК ИКОМ (НУ Музеј на Република Северна Македонија), ул. Јосиф Михајловиќ бр. 7
1000 Скопје или на електронска пошта: [email protected].
Од Здружението МНК ИКОМ информираат дека заради условите на пандемија на Ковид -19 изминатата година, наградата ќе се додели одвоено за 2019 и 2020 година. Наградата се доделува во следните категории:
1. Музеј на годината
– отворање нов музеј;
– реконструкција на постојана музејска поставка;
– нова постојана поставка реализирана со современ музеолошки пристап;
– реализација на меѓународен, регионален и локален проект.
2. Музејски проект на годината
– изложби со нов пристап во презнтирањето на темата;
– авторски тим вклучен во реализација на проектот;
– проекти со научно-истражувачки достигнувања;
– проекти осмислени за посебни целни групи;
– отпечатен стручен труд.
3. Музејски работник на годината
– автор или член на работниот тим во реализација на нови поставки или изложби;
– за стручно-научна работа;
– за публикуван музејски материјал;
– за постигнати резултати во развојот на музејската дејност.
4 . Надворешен музејски соработник
– стручна соработка во реализација на музејските програми;
– информирање за работата и развојот на музејската дејност;
– популаризација на музејската дејност;
– на спонзори и донатори на музејски проекти
Доставените пријавени проекти треба да содржат: име, презиме и адреса на авторот; назив и адреса на институцијата; опис на проектот; прилози за проектот во печатена или во електронска форма.