МОН: Tечат подготовките за државната матура

Од:

Средните училишта се подготвуваат за полагањeто на државната матура. На онлајн-средба со министерката за образование и наука Мила Царовска, директорите информирале дека постапуваат согласно заедничкото решение на Владата и Сојузот на средношколци за спроведување на завршниот испит, соопшти Министерството за образование и наука.

– Најголем дел од училиштата веќе ги објавиле интерните испити. Уште еднаш повикав да се исполнат сите договорени елементи од матурата, затоа што тоа е во интерес на нашите ученици, рече министерката Царовска.

МОН потсетува дека матурските предметни комисии имаат обврска да подготват испитни задачи по секој предмет и да ги објават најдоцна три седмици пред полагањето. Од тие испитни задачи потоа се изготвува тестот за интерните испити.

Директорите на средните училишта, како што наведува Министерството, информирале дека целосно ќе бидат спроведени сите безбедносни и заштитни мерки за полагање на матурата. Тие ја информирале Царовска и за текот на наставата и за други активности поврзани со воспитно-образовниот процес.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови