Од 11 до 18 часот, нема да биде дозволена пловидба на скутери на вода, кои се со јачина поголема од 45 киловати.
Забраната ќе важи од 20-ти јули до 20-ти август, и тоа за Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.
Владата за непочитувачите на забраната пропиша и казни, за физички лица од 800 до 2.000 евра, а правните лица ќе треба да платат глоба од 6.000 до 8.000 евра во денарска противредност.
Секоја година оние кои сакаат да уживаат во капењето на нашите езера се соочуваат со истиот проблем, преку целиот ден скутерите се движат и до самата обала.
И оваа сезона веќе се повредени две деца во Охридското езеро, и Владата ќе разгледува дали има потреба за да се прошири забраната.