Скопје го крши договорот, ама ние пак сме спремни за дијалог, вели бугарскиот амбасадор во ЕУ

Од:

Бугарскиот постојан претставник во ЕУ, Димитар Цанчев изјави дека Бугарија останува подготвена за дијалог со Северна Македонија, иако земјава продолжува да не го спроведува Договорот за добрососедство, јави Бугарското национално радио (БНР).

– Ние ја поддржуваме политиката на проширување на ЕУ со строго почитување на сите критериуми. За жал, нашите македонски партнери продолжуваат да не го спроведуваат Договорот за соседство со Бугарија, што е еден од условите за отворање на патот на Северна Македонија кон почеток на преговорите. Сепак, Бугарија останува подготвена за дијалог, изјави амбасадорот Цанчев по состанокот на Советот за општи работи на ЕУ.

Цанчев ја истакна потребата од приоритетно обезбедување на вакцини за земјите од Западниот Балкан, додавајќи дека Софија го поддржува воведувањето на дигитален зелен сертификат, кој треба да го олесни слободното и безбедно движење и водено да придонесе за закрепнување на туристичкиот сектор.

На состанкот на Советот, одржан во онлајн, се разговарало за преговорите за членство во ЕУ на Црна Гора и Србија.

Би можело да ве интересира

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски