Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Од:

Индиски млад брачен пар, од градот Бопал, за само три години смениле 18 различни куќи поради екстремната фобија од лебарки на сопругата. Двојката долго време се надевала дека ќе најде куќа без лебарки, но сопругот сега сака да поднесе барање за развод, пренесува „Оди централ“.

– Еден ден таа почна да вреска, истрча од кујната и ги исплаши сите во куќата. Таа тврдеше дека видела лебарки и одбиваше да се врати во кујната. Настојуваше да најдеме нов дом, изјави мажот.

Сопругот, кој работи како софтверски инженер, веднаш по нивната венчавка 2017 година дознал за нејзината фобија – која всушност има и име: кацаридафобија.

Двојката првпат се преселила во 2018 година, но не мина долго, па жената повторно забележа лебарки во новата куќа, па повторно се преселија. Наводно, тоа се повторило дури 18 пати, па на сопругот тогаш му здодеало. Ја однел жената кај неколку психијатри, но таа наводно одбивала да ја зема препишаната терапија. Нејзиниот екстремен страв почнал да влијае и на врската, па нивниот брак сега е пред распад.

Жената тврди дека нејзиниот сопруг не го разбира проблемот и се обидува да ја прогласи неа за „ментално болна“, додека нему пак, му здодеале селидбите и сега се подготвува да поднесе барање за развод.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски

Индиец се разбудил на сопствениот погреб, но починал утредента

Ана Ололовска