Австрија пренасочува 651.000 дози вакцини од ЕУ за Западен Балкан, Македонија ќе добие 119 илјади

Од:

Австрија денеска соопшти дека планира до август да испрати 651.000 дози на вакцина против коронавирусот на Бионтек/Фајзер во шест земји од Западен Балкан, како дел од програмата на Европската унија за помош на соседните земји и Африка.

Тие ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај според тоа на кои земји им се најпотребни. Босна и Херцеговина ќе добие најголем дел од вакцините – 240.000 дози, следена од Албанија 145.000 и Северна Македонија 119.000. Србија ќе добие 36.000 дози.

Европската комисија во јануари ги објави плановите за механизам за споделување вакцини. Австрија рече дека ќе дејствува како координатор на механизмот за Западен Балкан и дека по првата распределба на дозите може да следува и втора.

– Со оваа иницијатива покажуваме дека не го оставаме регионот настрана, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг на прес-конференција.

Австрија посредуваше во договорите меѓу Биотек и Фајзер и земјите приматели, соопшти Министерството за надворешни работи и најави дека тие ќе ја премостат исплатата на овие вакцини со свои 11 милиони евра. Дозите на вакцини ќе се плаќаат од средства за помош на ЕУ или потенцијалните земји кандидати.

– Ова не е поврзано со набавка на вакцини во Австрија и другите земји-членки на ЕУ, рече Шаленберг, чија влада се справува со растечката јавна фрустрација поради бавната вакцинација.

– Овие дози не доаѓаат од националната квота. Ова се дозите што ЕУ експлицитно ги зачува на почетокот со цел да им ги испрати на своите партнери, потенцираше австрискиот министер.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ