Министерството за здравство ја информира јавноста дека попладнево стигна првата пратка од вакцината Фајзер, која МЗ ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19.
Вакцините ќе бидат чувани во специјалните фрижидери кои постигнуваат температури под -70 степени, кои државава ги набави во јануари токму поради вакцината на Фајзер, која мора да биде складирана под посебни услови.
ko
Станува збор за 10.530 дози од вакцината, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, велат од Министерството.