Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Од:

„Вчерашното симптоматично однесување на Талат Џафери и заразени пратеници со скафандери во Собранието отвора сомнеж дека постојат случаи кои влијаат врз нивната душевна состојба. Кога некои лице се под ваква состојба, да не речеме стресна, тоа е опасно за народот и државата, бидејќи се работи за претседател на собрание и пратеници – членови во највисокиот законодавен орган во државата“, велат од Единствена Македонија.

„Да потсетиме, здравствените власти цело време со казни и апели повикуваат во интерес на здравјето да се седи дома а заразените од Ковид-19 задолжително се ставаат во домашна или болничка изолација. Спротивно на ова, вчера слушаме дека заразени од КОВИД-19 не мора да седат дома во изолација и можат слободно да се шетаат до и внатре во Собранието заради кворум.

Оттука, основано се појавува сомнежот дека кај Џафери и заразените пратеници постојат случаи кои влијаат врз психичката состојба и размислувањето да не може да ги сфатат дејствијата кои ги преземаат. Поточно, не може да распознаат што е интерес на граѓаните, бидејќи гледаме различно однесување за иста работа и притоа и во двата случаи се вели дека е во интерес на граѓаните“, соопштуваат Единствена Македонија.

„Единствена Македонија смета дека е време за поведување на постапка за испитување на постоење на психички околности поради кои Џафери и заразени пратеници не може да го сфатат значењето на интересот на граѓаните што може да влијае на нивната спреченост да ја вршат функцијата.

Потребно е вештачење и дијагноза за Џафери и пратениците. Во спротивно, целата одговорност за непресметливите потези на Џафери и заразени пратеници во Собранието во иднина паѓа на марионетската власт во Скопје“, се додава во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи