СДСМ: Помошта од петтиот пакет мерки стигнува до граѓаните

Од:

„Пратениците од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, ги усвои законите кои ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата со месеци свесно и намерно ги блокираа.

Поддршката за исплата на плати за месец февруари и март деновиве започнува да пристигнува кај граѓаните.

Блокадите, лагите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, одново се поразени“, велат од СДСМ.

„Разликата е очигледна. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стори сѐ помошта што е обезбедена со мерките од Владата, да стигне до граѓаните на кои им е потребна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата правеа сѐ законите да не се донесат, мерките да се одолговлекуваат и десетици илјади работници да останат без плати.

Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата работат за сопствени интереси, на штета на граѓаните и државата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнето од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција“, соопштија СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он