Со двајца пратеници во скафандери, Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки

Од:

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и граѓаните погодени од пандемијата.

Изгласани се Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19 за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19 заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

За законите гласаа сите присутни пратеници во Собранието вклучително и двајца позитивни на Ковид – 19 кои беа изолирани во посебни простории, а се појавија во Собранието со скафандери и целосна заштитна опрема. Присутни беа 115 пратеници.

Опозицијата го обвини претседателот на Собранието,Талат Џафери, дека не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, ги крши Уставот и законите поради тоа што дозволил во Собранието да дојдат двајца позитивни пратеници кои имаат решенија за изолација. Претседателот Џафери пак, рече дека работи според протоколи дадени од Комисијата за заразни болести и уверуваше дека двајцата пратеници, без да контактираат со кој било, биле сместени во изолирани простории.

„Добив дополнување на Протоколот за Ковид-19, според кое, пратениците можат да ја вршат својата функција под одредени услови. Оваа сала овозможува простории во кои, изолирано, пратениците можат да влезат и излезат од Собранието без да имаат контакт со другите. Тоа е процедурата која е обезбедена“, рече Џафери.

Kоординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски забележа дека не може подзаконски акт да биде повисок од Уставот.

„Вие ги кршите законите. Вие сте предмет на кривична одговорност. И не само вие туку и вработените во МВР кои дозволија во Собранието да шетаат лица позитивни на Ковид-19, кои треба да се во изолација“, рече Мицевски.

Пратениците болни од Ковид-19 во Собранието

 

Пратениците едногласно го донесоа Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, го усвоија и Законот за финансиска поддршка на работодавците погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка. Собранието го изгласа и предлог – законт за измена на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

Инаку, Владата ја повлече предлог – одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за коронавирусот Ковид-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија.

Претходно, пратениците ги изгласаа и 21 точка од 32. седница, меѓу кои и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Демократи ги промовираше кандидатите за пратеници: Да ги тргнеме од власт 33-годишните робовладетели

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски