(ВИДЕО) Здравје, а не провизија – порача ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Министерството за здравство

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Министерство за здравство одржа протест под мотото „Здравје, а не провизија – Оставка на Филипче, за спас од неспособноста која убива“. На протестот актерот Роберт Вељановски истакна дека ова е гласно спротивставување против неправдите, штетите и трагедиите кои ненародната власт предводена од СДСМ ги прави врз граѓаните на Република Македонија и протест против хаосот во здравството, но и против сеопштиот хаос кој владее во Република Македонија. Она што требаше да го направат, резултира не само со губење на човечки животи, туку и со разорување на македонската економија. Цели стопански гранки зависат од имунизацијата. Угостителите, туристичките работници, конфекциите не работат. Не работат ни македонските театри, македонските музичари се на работ на егзистенцијален колапс, индустријата за организирање настани е пред дефинитивен банкрот. И го повика министерот за здравство Венко Филипче да си поднесе оставка.

-Наместо да се развозувате со премиерот и свитата на вашите скапи мотори, да отворате и затворате хотели на една ноќ, додека обичниот народ не може да преживее од први до први, доблесно е барем еднаш да го повлечете вистинскиот потег. Денес, пред да тргнете на викенд со омилениот ви премиер, извадете ја кацигата, погледнете ја реалноста и поднесете оставка, рече Вељановски.

“Венко Филипче мора да поднесе оставка од морални причини, бидејќи е директен виновник за изгубените стотици човечки животи и за уште илјадници заболени од КОВИД-19 вирусот. Додека Филипче возеше мотори со Заев и со пријателите, доктор од кратовско на раце носеше болен човек повеќе од десет километри, само за да му го спаси животот. Тоа е вистински доктор министере Филипче, а не Вие кои уживате и возите мотори додека граѓаните се оставени на милост и немилост” – порача пратеникот Миле Лефков.

За 13 месеци, 4388 наши сограѓани починаа од последиците на ковид-19.Од нив, 1024-ца, се лица кои починале во последните 30 дена, од 16 март до 16 април. Ова се поразителни факти, посочи Вељановски.

Вељановски рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка ќе поднесе Предлог Закон за дополнување на Законот за здравствена заштита со кој на сите граѓани кои користеле услуги за лекување од КОВИД 19 во приватните болници, државата ќе им се овозможи враќање на разликата во цената помеѓу државното и приватното здравство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата