Одбраната на Камчев поднесе кривични пријави за судиите кои му го одредија притворот

Од:

Ја известуваме јавноста дека пред Републичкиот Совет поднесовме претставка за несовесно и нестручно работење на Судија на претходна постапка како и на судиите од Кривичен Совет кои одлучуваа и изрекоа мерка притвор и по вторпат, повторно без презентирање докази. Денеска ја информираме јавноста дека за нивното работење поднесуваме и кривични пријави се вели во соопштението од правниот тим предводен од адвокатот Тони Менконовски кој го брани Јордан Камчев во случајот „Плацеви на Водно“.

„Воедно поднесовме барање до ЈО за изземање на обвинителката Лиле Стефанова која првенствено нема ниту стварна ниту месна надлежност за случајот и е компромитирана како обвинител кој беше дел од СЈО кога се потврди случајот ,,Рекет’’. За неа се поднесени кривични пријави од страна на Јордан Камчев во врска со нејзино незаконско постапување во предметот ,, Империја’’, а невозможно е да остане незабележан личниот анимозитет и непрофесионален однос кон г-дин Јордан Камчев, кој во нејзините јавни излагања досега, се нема ни обидено да го прикрие“ – се вели во обраќањето на Менкиновски.

Менкиноски во писмото до медиумите наведува дека притворот е одреден врз основа на усмен исказ на доушник и дека до сега на одбраната не и е презентирана белешката составена од тајната служба односно од АНБ, што е прекршување на правата на неговиот клиент. Како што се наведува во писмото до медиумите од одбраната на Камчев, во решението на Кривичниот суд е посочено дека Камчев во февруари годинава се сретнал со разузнавач од Бугарија, припадник на служба за безбедност со која и претходно соработувал и се претпоставува дека ќе има поддршка за бегство во соседна Бугарија.

„Ваквата интерпретација на судот е срамна и навредлива за г-дин Јордан Камчев. Г-динот Јордан Камчев е македонски бизнисмен кој целокупониот свој капитал го има во РС Македонија.“ се вели во писмото на Менкиноски и додава дека Камчев никогаш ниту бил, нити имал намера да биде соработник на каква било странска служба.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Врховен суд го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Горан Наумовски

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

(ВИДЕО)„Плацови на Водно“: Се конфискува имот вреден три милиони евра, Стефанова незадоволна од казните за Груевски и Мијалков

Кристијан Ландов

„Жената лута“ рече Камчев за Катица Јанева која го праша: Точно ли е дека „Стопанска банка Битола“ е пералница на пари?

Кристијан Ландов