(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ одмага и ја поткопува борбата против Ковид 19

Од:

Ниту една партија во светот за време на пандемија не се однесува толку неодговорно, деструктивно и опасно по здравје, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ. Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ одмага и ја поткопува борбата против Ковид 19 рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„ВМРО ДПМНЕ никогаш не ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19. За нив, Ковид 19, за жал, е само уште една политичка алатка која ја користат по потреба, со цел печалење политички поенти. Во него ВМРО ДПМНЕ препозна сојузник кој им служи за политичко профитирање. Денеска ВМРО ДПМНЕ протестира пред Министерството за здравство кое во изминатиот период основната плата на лекарите специјалисти ја зголеми за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25% , а на здравствени соработници за 15%. Ги зголемени капитациите за матичните лекари стоматолози и гинеколози“ – вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра