Коциќ: Со законски измени ги ограничуваме трошоците за лекување од ковид во приватните болници

Од:

Владата предводена од СДСМ ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита. Со измените се предлага цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување Преку овие измени трошоците за дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти ќе се се движат од 40.000 до максимални 305.000 денари рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

„Покрај ова, со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземање на здравствени работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.Истовремено, предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби“ – рече Коциќ.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања