Во САД одложена препораката за вакцината „Џонсон и Џонсон“

Од:

Експертската комисија во Центарот за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) донесе одлука да го одложи решението за вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

По вонредниот состанок, ЦДЦ објави дека треба да соберат повеќе информации пред да издадат препорака.

Федералните здравствени агенции на САД повикаа на итен прекин на употребата на вакцината со единечна доза откако шестмина Американци развија тромб во период од две недели по приемот на вакцината. Станува збор за жени на возраст од 18 до 48 години. Една жена починала, а друга од Небраска се наоѓа во болница во критична состојба.

Веднаш потоа, американската корпорација „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека ја одложуваат испораката на вакцината против Ковид-19 во Европа.

Следниот состанок на експертската комисија на ЦДЦ за вакцината се очекува за една недела.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана