Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Од:

На Далечниот Исток, како што е познато, калта служи за да се направи традиционална индиска печка „Чулхе“… Но, тука, во Индија, луѓето користат и многу други дарови на природата – за готвење. Еден од нив е песокот.

Имено, на Инстаграм се појави видео како еден уличен продавач на храна во индиската сојузна држава Утар Прадеш на тој начин пече компири.

Луѓето во северна Индија користат песок, обично, за складирање кикирики и ориз, но овој „материјал“ очигледно е добар и за подготовка на вкусни компири.

Блогерот Амар Сирохи објави видео на Инстаграм на кое се гледа како продавачот го подготвува својот специјалитет. Тој ги става компирите во казан полн песок, ги „готви“ околу 20 минути, а потоа ги послужи со сос од коријандер, домат, ѓумбир и лук. На самиот компир не се ставаат зачини и масло, а една порција чини околу 30 евроценти.

Видеото со подготовка на компир стана хит на интернет, со над 2,2 милиона прегледи.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска

Превкусен куглов со костени

Ана Ололовска