Рејтингот на Обама под 50 проценти

Од:

Довербата на американскиот претседател Барак Обама падна под 50 проценти, што е негов најнизок рејтинг во изминативе 18 месеци, истражувањето на Си-Ен-Ен.

Работењето на Барак Обама го поддржуваат 45 проценти од граѓаните, што е за осум отсто помалку во однос на минатиот месец, се наведува во извештајот.

Падот на довербата се должи на зголемениот број критики со кои се соочува Белата куќа по откривањето на скандалот со програмата за следење на интернет комуникациите и аферата со однесувањето на даночните власти кон конзервативните невладини организации.

Си-Ен-Ен наведува дека околу 54 проценти од Американците не го одобруваат начинот на кој Обама ја извршува претседателската функција, со што за првпат од 2011 година мнозинството граѓани имаат негативен став кон претседателот на САД.

Падот на популарноста најдобро се гледа кај младите Американци под 30 години, кај кои во изминатите неколку месеци е забележан пад од 17 отсто. Исто така забележан е пад на бројот на поддржувачи меѓу афроамериканците, изјави директорката на истражувањето Китинг Холанд.

Би можело да ве интересира

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Американската крајбрежна стража заплени над три тони кокаин

Светските власти остро реагираат на турскиот напад врз Сирија

САД ја повторија поддршката за Договорот од Преспа

Наум Локоски

Трамп се огради од тврдењата на неговиот адвокат Коен и обвини за „лов на вештерки“

Наум Локоски

Хилари Клинтон: Бил (Клинтон) може да биде извонреден „прв денди“

Емир Латифовиќ