Жител на охридско се обидел да „протне“ фалсификувани сто евра во кумановско казино

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од с.Оровник, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”, информираат од полицијата.

„Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра и на 31.10.2020 ја пуштил во оптек како вистинска во казино во Куманово, разменувајќи ја кај вработената на каса во денари,“ велат од МВР.

„Откако вработената се посомневала дека банкнотата не е вистинска ја проверила во најблиската менувачница каде ѝ било потврдено нејзиното сомневање,“ додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција