Електронските здравствени картички можат да се земат и од матичните лекари

Од:

Здравствените индивидуални осигуреници кои имаат поднесено барање и извршена уплата, електронските здравствени картички ќе можат да ги подигнат од своите матични лекари.

ФЗОМ треба да достави списоци со изработените картички до сите избрани лекари. Матичните ќе треба да ги контактираат своите пациенти. Оние кои имаат уплатено, ќе си ја подигнат од избраниот лекар. Оние на кои картичката им е изработена, а не е платена, ќе можат да ја подигнат со уплатница од подрачната служба на Фондот во соодветниот град.

Како индивидуални осигуреници се сметаат пензионери, земјоделци, самостојните вршители на дејност, уметниците… Оние осигуреници кои за електронска здравствена картичка аплицирале како правни лица, преку фирма, ќе ги добијат на тој начин.

– Во изминатиов период работиме со засилено темпо за собирање на податоци, персонализирање и дистрибуција на електронските здравствени картички. Досега имаме дистрибуирано околу 450.000 здравствени картички, околу 300.000 се доставени до Фондот и спремни за дистрибуција, а над 100.000 се персонализираат. Очекуваме летото да го завршиме со над 900.000 персонализирани и поделени здравствени картички, истакна директорот на ФЗОМ Јован Грповски по денешната средба со претседателите на Лекарската комора Кочо Чакалароски и Здружението на приватни лекари Лили Чолакова – Дервишова.

Претседателот на Комората Чакалароски истакна дека воведувањето на здравствената картичка е од голема важност од повеќе причини.

– Од електронската здравствена картичка ќе се види точно дали е здравствено осигуран, можат да се уфрлат податоци за болестите на пациентот кои ќе бидат строго констролирани и ќе можат да се стават на увид само на соодветниот матичен лекар и специјалистот, рече тој.

Поддршка за воведените новини во здравств3ниот систем дадоа и од Здружението на приватни лекари.

– Уште еднаш би упатила апел до сите колеги кои се матични лекари, да си ги подигнат своите електронски здравствени картички. Оние кои ги имаат уште од пред две години, треба да извршат уплата за истите за да можат да бидат активни, истакна Чолакова – Дервишова.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор